Американката Линдзи Вон по вчерашното паѓање на трката во супервелеслалом во Шладминг на Светското првенство ги повреди лигаментите на десното колено.
За неа ова значи и крај на сезоната и нема да биде во можност да го брани „Кристалниот глобус“ освоен мината година. Воедно за Вон завршија и натпреварите на Светското првенство кое почна вчера.
Се очекува паузата за Американката да биде околу шест месеци. Инаку, златниот медал на вчерашниот супервелеслаломот го освои Словенката Тина Мазе.
Денеска во Шладминг ќе се вози машкиот супервелеслалом.