Крај на кошаркарската сезона во Грција, нејасно е дали ќе има шампион

Од:

Крај на кошаркарската сезона во Грција.

Одлуката е донесена на состанок на Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи кој се одржа преку видео-конференциска врска.

Заедничкиот заклучок што притоа произлезе е дека нема услови за враќање на кошарката, па затоа донесено е и конечното решение за завршување на шампионатот.

Она што е сè уште нејасно е дали ќе биде прогласен првак и дали ќе има испаѓање од лигата.

Лидер на табелата во моментот, по 20 одиграни натпревари, е Панатинаикос со скор од 18 победи и два пораза, а во зоната на испаѓање се ПАОК со биланс од пет победи и 15 порази и Арис со 6-14.

Но, тоа, сепак, не е единствениот договор што треба да се направи.

Потребен е заеднички јазик и за договорите за плати.

Првиот предлог е намалување за 80 отсто, меѓутоа најверојатно е дека на крај кратењето ќе биде 70 отсто.

Крај на кошаркарската сезона досега прогласија и Украина (шампион Дњепар), Литванија, Хрватска, Белгија, Словенија и други земји, како и регионалната ВТБ лига.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос