Крај на големата кариера: Џон Џонс се пензионира

Од:

Американскиот борец Џон Џонс одлучи да ја заврши својата професионална кариера, потврди првиот човек на UFC, Дана Вајт.

По шоуто во Баку, Вајт ја сподели таа информација со претставниците на медиумите.

„Џон Џонс официјално се пензионираше. Том Аспинал е шампион во тешка категорија на UFC“, рече Вајт.

Тој првично одби борба со Том Аспинал и рече дека ќе треба да му се плати повеќе од кога било за да ја прифати, но одби јавно да каже колку бара за борбата.

Аспинал на тој начин ќе го „побие“ рекордот кога станува збор за борецот кој го држеше појасот најдолго време како привремен шампион.

Џонс сè уште го држи рекордот како најмлад шампион на UFC досега, има најмногу одбранети појаси и е непоразен во полутешката категорија цела деценија.

За време на неговата кариера, тој победи дури осум шампиони, а никој нема повеќе победи во борбите за појаси од него (16).

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он