Австриецот Стефан Крафт е победник на денешното натпреварување во скијачки скокови одржано на големата скокалница во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Крафт во првата серија скокна 138 метри, а во втората 137,5 и со вкупно 293,5 бода заврши на првата позиција.
За него ова беше четврта победа сезонава и осма во кариерата.
Второто место го освои Германецот Андреас Велингер со остваренби должини 136 и 134 метри или 279,8 бода.
На победничкиот подиум се искачи и трето пласираниот Камил Штох од Полска со скокови 126,5 и 134 метри.
Во Генералниот пласман води Штох со 1.240 бода, пред Крафт со 1.140 и Норвежанецот Андре Танде со 1.074.