Крафт победи на „Четирите скокалници“

Од:

Австриецот Штефан Крафт е победник на последното издание од ски-скокачката турнеја „Четри скокалници“, откако на денешниот решавачки натпревар во Бишофсхофен, тој го освои третото место.

Крафт до блескавиот трофеј дојде со една остварена победа и тоа на отварањето во Оберсдорф, а место на подиумот обезбеди и на скокањето во Инсбрук.

Се до последните моменти тој беше во голема борба за првото место во генералниот поредок со сонародникот Михаел Хајбек, кој иако победи на скокалницата во Бишофсхофен на крајот мораше да се задоволи со втората позицја.

Со триумфот на Крафт продолжена е традицијата на австриска доминација на „Четири скокалници“, која што трае уште од 2009 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ