Кожув единствен македонски претставник во БИБЛ

Од:

Кошаркарскиот прволигаш Кожуф од Гевгелија годинава ќе биде единствениот македонски претставник во Балканската БИБЛ лига.

Неодамна за нов тренер во клубот беше ангажиран Боби Митев на местото на Србинот Пејиќ, а според раководните луѓе во клубот моментно се составува респектабилна екипа која ќе биде кадарна да се држи во горната половина од табелата во домашното првенство, да игра значајна улога во БИБЛ лигата и успешно да ја претставува Македонија на меѓународната кошаркарска сцена.

Информациите од клубот велат дека Златко Гоцевски и понатаму останува верен на тимот чиј капитен беше лани и чиј што дрес го носи веќе неколку сезони и дека во екипата се враќа центарот Александар Штерјов кој и порано две сезони настапуваше за Кожуф.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он