Кожув „брка“ прва победа во БИБЛ сезонава

Од:

Македонскиот претставник во регионалната БИБЛ лига Кожув во натпреварот од третото коло ќе се обиде да стигне до првата победа оваа сезона. Во Гевгелија вечерва гостува екипата на Берое од Стара Загора.

Воедно ова ќе биде дуел на двете екипи од групата А кои имаат по два пораза.

По смената на тренерот Боби Митев, Кожув оствари минимален триумф (85:82) во Првата македонска лига над градскиот ривал Бест и евентуален успех ќе биде услов за враќање на самодовербата кај играчите.

Натпреварот во Гевгелија почнува во 19 часот.

Денеска се игра и натпреварот од Б групата меѓу Ловќен – Башкими, а утре ќе играат Пеќ и Левски.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он