Полјакот Мачеј Кот Словенецот Петр Превц се победници на денешниот натпревар во ски-скокови одржан во Сапоро, Јапонија.
За словенечкиот ски-скокач ова е втора победа во низа во Сапоро, додека Кот ја забележа својата прва победа во Светскиот куп.
Двајцата на крајот собраа по 260,2 поена. Превц скокна 143 и 134 метри, Кот во двете серии оствари должина 139 и 138 метри.
На победничкиот подиум се најде и трето пласираниот Стефан Крафт од Австрија со 137 и 139 метри или 257,5 бода.
Лидерот во Светскиот куп Андре Танде (Норвешка) заврши на 7.место, а тоа го искористи Крафт кој му се доближи на девет бода во Генералниот пласман.
Светски куп Генерален пласман: Камил Штох 1.080 бодови, Танде 989, Крафт 980, Превц 867, Кот 697,…
Натпреварувањето во Сапоро продолжува рано утре по средноевропско време.