Костиќ: Вардар има победнички дух

Од:

Младиот одбојкар на Вардар, Лука Костиќ е задоволен од можноста што ја доби преку клупските настапи да избори место во македонската репрезентација.

– Сакав да сум дел од голем клуб каде што ќе стекнам поголемо искуство и ќе станам подобар играч. Го одбрав ОК Вардар како најпрофесионален тим кој што има победнички дух. Планирам ова лето да играм со сениорската репрезентација каде што сум повикан да настапувам на Европско првенство, е пораката на Костиќ.

Седумнаесет годишниот одбојкар со Вардар во новата сезона ќе настапува во челинџ купот на ЦЕВ.

Со македонската репрезентација Костиќ го очекуваат натпревари на Европското првенство во четири држави Словенија, Холандија, Белгија и Франција.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ