Костелиќ најбрз на Крањска Гора

Од:

Ивица Костелиќ е победник на претпоследниот слалом во Светскиот куп што се водеше во Крањска Гора, а со второто место во денешната трка, Марсел Хиршер го обезбеди малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

Хрватскиот скијач до втората победа сезона, а вкупно 26-та во кариерата стигна со време од 1 минута 45 секунди и 81 стотинка.

„Ова е прекрасно чувство. Исклучително важна победа за мене. Знаев дека само со голема грешка на Алексик можев да дојдам до првото место. Не губев надеж, бев фокусиран и стигнав до победата“ – изјави Костелиќ.

Хиршер од Австрија беше втор со заостанување од 19 стоти дела од секундата и тоа му беше доволно за конечен триумф во слалом сезонава додека третата позиција му припадна на неговиот сонародник, Марио Мат.

На една трка пред крајот на сезоната Хиршер освои 880 бода и има недостижна предност во однос на германецот, Феликс Нојројтер кој зад лидерот заостанува 266 бода, трет со 462 е Андре Мирер од Шведска.

По денешниот слалом Хиршер е на чекор и до триумф во генералниот пласман. Пред стартот на завршницата во Ленцерхајде, австриецот има 149 бода повеќе од Аксел Лунд Свиндал, а на третото место со 922 е Тед Лигети.

Завршните трки од Светскиот куп ќе се одржат во швајцарскиот зимски центар Ленцерхајде, а стартува на 13 март со натпреварувањето во спуст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ