Кошаркарот Дерик Роуз потпиша едногодишен договор со Кливленд за сума од 2,1 милион долари.
„Сакам да победувам и мислам дека со Кливленд тоа ќе успеам да го направам. Среќен сум што сум дел од овој клуб“, изјави Роуз.
Ова е скромна сума ако се знае дека до минатата сезона Роуз имаше договор според кој годишно добиваше и околу 20 милиони долари. Единствената прична поради која потпиша договор со „ветерански минимум“ е желбата да ја освои НБА титулата. Тој е поранешен играч на Чикаго и на Њујорк, но ниту еднаш во кариерата не успеа со своите екипи да игра во НБА финале.