Кошаркарот Дамјан Стојановски во хуманитарна мисија со најмалите

Од:

Дечињата од приватната градинка Пиколини го искористија убавото сончево време неделава за детски игри и забава во природа, но овојпат беа ставени пред нов предизвик.

damjanHumanitarna (4)

Гостин во градинката беше нивниот херој Дамјан Стојановски, кој имаше улога не само да измами широки насмевки на лицата на дечињата, туку и да ги внесе дополнително во магијата на спортот и кошарката и на симпатичен начин да им ги покаже првите кошаркарски чекорчиња, првите тапкања со топката, првите кошови и затресувања на мрежичката.

damjanHumanitarna (3)

За да биде предизвикот поголем и мисијата поуспешна, за секој даден кош со помош на Дамјан, дечињата донираа по парче облека наменето за Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Директорката на Домот-Наташа Младеновска Лазаревска се заблагодари и ја поддржа акцијата, истакнувајќи дека и е посебно драго кога вакви акции се прават од дечиња за дечиња, тогаш задоволството е уште поголемо.

damjanHumanitarna (2)

Како што истакна Директорката на градинката-Марина Сивакова Тасков, вакви активности имало и секогаш ќе има. Целта на градинката и општо на иницијативите е да се помогне на најосетливите категории, а воедно да се всади свесноста кај овие дечиња уште од мали за значењето на вакви акции од помош на заедницата. Затоа, како што вели таа, дечињата директно ги инволвираме во сите фази, од идеја до реализација.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он