Кошаркарите се жалат поради изборот на топките за Евробаскет 2017

Од:

Сакаме да ве известиме дека има многу поплаки од играчите поради промената на текстурата на „Молтен“ токите со кои ќе се играат натпреварите на Евробаскет. Посебно забелешките се однесуваат на влажноста на топката која се појавува во финишот на натпреварите, карактеристиката која им создава многу проблеми на играчите, стои во дел од писмото упатено од капитените на некои репрезентации до раководството на ФИБА.

Покрај забелешките, од Светската кошаркарска федерација се бара во иднина при изборот на топките да бидат вклучени и играчите.

– Ова е сериозна работа за нас, бидејќи директно влијае на нашата игра на паркетот, посочуваат капитените.

Писмото го потпишаа Адам Ханга (Унгарија), Борис Диао (Франција), Робин Бенцинг (Германија) Јиржи Велш (Чешка), Џиџи Датоме (Италија), Омри Каспи (Израел), Брајан Савој (Швајцарија), Џонатан Табу (Белгија) и Адам Вачински (Полска).

Евробаскет 2017 почнува утре (31 август) и ќе трае до 17 септември. Ко-домаќини се Финска, Израел, Турција и Романија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски