Кошаркарите поразени од Ангола

Од:

Пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија од Ангола со 88:84 на првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, кои почнуваат за 24 дена.

Во текот на целиот натпревар нашите кошаркари бркаа негатива, која на моменти изнесуваше и -17. Ангола предводена од Циприано, Мингас и Гомес делуваше моќно во рекетот, а уште помоќно во одбраната.  Кај нас МекКејлеб постигна 21, Антиќ 17, Илиевски 12.

Нашите репрезентативци утре играат против Нов Зеланд во 20:00 часот.

На првиот дуел денеска очекувано Русија славеше против Кореја со 91:56, а Грција го совлада Јордан со 107:63.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он