Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Од:

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома се пласираа во финалето на НБА Купот.

Кошаркарите на Милвоки го победија тимот на Атланта вечерва во полуфиналето на НБА Купот во Лас Вегас со резултат 110:102. Во победничкиот тим се истакна Јанис Адетокумбо со 32 поени, 14 скока и девет асистенции. Демијан Лилард постигна 25 поени, а Брук Лопез постигна 16.

Во тимот од Атланта најефикасен беше Треј Јанг со 35 поени, 10 асистенции и седум скока.

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Хјустон во полуфиналето на НБА купот со резултат 111:96. Шеј Гилгес-Александер беше најдобар кај Оклахома со 32 поени, осум скока и шест асистенции. Во тимот на Хјустон најефикасен беше Амен Томпсон со 19 поени.

Финалето на НБА Купот ќе се одигра на 18 декември во Лас Вегас.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он