Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва беа поразени во Љубљана од Цедевита Олимпија со резултат 74:69 (24:18, 17:21, 13:14, 20:16) во натпреварот од 22. коло од регионалната АБА лига.

Најефикасен кај тимот на Црвена звезда беше Никола Калиниќ со 18 поени, додека Коди Милер-Мекинтајр додаде 15.

Кај домашните најдобри играчи беа Девин Робинсон и Брајант Лемар кои постигнаа по 15 поени.

Натпреварот во Љубљана го следеше и претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.

Црвена звезда Белград е на третото место во поредокот во АБА лигата со 17 победи и пет порази, додека Цедевита Олимпија е на шестата позиција со скор 13/9.

Црвена звезда во следното, 23. коло од регионалното натпреварување ќе и гостува на Мега, додека Цедевита Олимпија гостува во Љубљана против Задар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Жестоко белградско дерби: Провокација за навивачите на Партизан, ја запалија трибината

ВИДЕО: МЗТ Скопје без мака до нов Куп трофеј

Катерина Ѓуровски

Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија

Невидена ситуација во кошарката, натпреварот во Лигата на шампионите заврши по само седум минути

Предраг Петровиќ

Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда

А1он