Контролки со Хрватска, БиХ, Србија, Грција

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација ќе се сретне со Хрватска, БиХ, Србија и Грција во пресрет на подготвителниот период пред настапот на евро-квалификациите за Светското првенство 2014 година, кои не очекуваат во мај годинава.

Хрватите беа првата опција чиј договор сега доби и датум, односно викендот од 10 до 12 мај на гостински терен би требало да одиграме тромеч со оваа селекција. Комуникацијата со челниците на другите федерации од соседството овозможуваат да се направи и план за мини балканска турнеја во која ќе влезат и пријателски средби со БиХ и Србија. Исто така и Грција влегува како конкурент за пријателска средба каде ние ќе бидеме домаќини.

Македонија за прв пат ќе настапи во квалификациите за СП и ќе биде организатор на турнирот во групата Ф, каде како противници ги има Црна Гора, Украина и Албанија од 23 до 26 мај годинава. Исто така се поверојатно е и учеството на Медитеранските игри од 20 до 30 јуни годинава во Турција. Се чека само наменскиот буџет од Агенцијата за млади и спорт кој треба да покаже колку пари ќе се издвојат за репрезентацијата.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба