Конте го чека многу работа во Тотенхем

Од:

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, по вчерашниот шокантен пораз на гостувањето кај словенечка Мура од 2:1 во УЕФА Конференциската лига, оцени дека премиерлигашот од Лондон во моментов не е на високо ниво.

– Не ми се допаѓа тоа што се случи. Морам да бидам искрен и да кажам дека по 3,5 недели од моето доаѓање во клубот почнав да ја согледувам состојбата. Сакам да останам тука, но не чека уште многу работа за да го подигнеме квалитетот на екипата. Ние сме Тотенхем, а во овој момент значително заостануваме, изјави Конте, по поразот од Мура која на клупската УЕФА ранг-листа се наоѓа на 341 место, а сезонава во воведното коло од квалификациите во Лигата на шампиони ја елиминираше Шкендија од Тетово.

По 12 кола во Премиер лигата, екипата на Тотенхем се наоѓа на седмото место со десет бодови заостанување зад лидерот Челзи, а по поразот на гостувањето во Словенија на тимот од Лондон му е загрозен пласманот во нокаут фазата во Конференциската лига.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Сон Хјун Мин: Мора да се намали бројот на натпревари, фудбалерите не се роботи

Горан Наумовски

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем