Конфликт помеѓу Нејмар и ПСЖ настанал по повредата во јануари

Од:

Односот помеѓу Пари Сен Жермен и Нејмар е затегнат, а бразилскиот репрезентативец бара излез од „Парк де Пренс“. Според францускиот весник „Екип“, конфликт меѓу двете страни се појавил и добил големи размери по повредата на Неј Џуниор на 23-ти јануари.

Фудбалерот и неговиот татко инсистирале докторот на бразилскиот национален тим да се грижи за здравјето на играчот.

ПСЖ се обидувал да го убеди играчот да работи со нивниот лекар, но тоа било залудно. На крајот на краиштата, бразилскиот лекар Родриго Ласмар не ја изврши оперативната процедура на најточен начин.

Завртката, што ја поставил за зајакнување на петтата метатарзална коска, се покажал премногу краток, и затоа се наметнала втора интервенција, што ефективно го елиминираше Нејмар од игра до крајот на сезоната.

Според ПСЖ, приоритет на Нејмар било да игра на Копа Америка, а не да ги следи целите на парижаните. Нејмар исто така не успеа да игра на Континенталниот турнир поради добиена повреда непосредно пред почетокот на Копа Америка.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ