Комплетирано второто коло на СП за ракометарки

Од:

На Светското ракометно првенство за жени, што се одржува во Данска, синоќа беше комплетирано 2.коло во Ц и Д групите.

Во групата Ц, актуелните светски шампионки Бразилките убедливо со 26:11 ја победија репрезентацијата на Конго. Дуелот меѓу Јужна Кореја и Франција заврши без победник 22:22, а Германија убедливо со 33:13 ја совлада Аргентина.

Во конкуренцијата Д, Романија славеше лесна и убедлива победа  против Казахстан со 36:20. Русија ја победи Шпанија со 28:26. Најубедливата победа синоќа ја оствари Норвешка над Порторико со 39:13.

Денеска на Мундијалот ќе се играат натпреварите од 3.коло во сите четири групи.

Двојки и табели:

А група: Јапонија – Тунис, Црна Гора – Унгарија и Данска – Србија.
Табела: Унгарија 4 бодови, Данска 4, Црна Гора 3, Србија 1, Јапонија 0 и Тунис 0.

Б група: Куба – Ангола, Полска – Кина и Шведска – Холандија.
Табела: Холандија 4 бода, Шведска 4, Полска 2, Кина 2, Куба 0 и Ангола 0.

Ц група: Кореја – Конго, Франција – Аргентина и Бразил – Германија.
Табела: Бразил 3 бода, Франција 3, Германија 2, Јужна Кореја 2, Аргентина 2 и Конго 0.

Д група: Русија – Порторико, Шпанија – Романија и Норвешка – Казахстан.
Табела: Романија 4 бода, Русија 4, Норвешка 2, Шпанија 2, Казахстан 0 и Порторико 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска