Комплетирано третото коло во АБА лигата

Од:

Со натпреварот Будуќност – Мега Лекс 71:56 одигран синоќа во Подгорица се комплетира третата рунда од балканската регионалната кошаркарска АБА лига.

За Мега Лекс лоши 23 минути одигра македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, кој не успеа да реализира од двата обида од поле ниту од двете слободни фрлања, имаше пет загубени топки, а забележа три скокови.

На другите два вчерашни дуела: Металац – Игокеа 56:74 и Олимпија – Сутјеска 60:61.

Претходно: Задар – Црвена Звезда 49:56, Цедевита – Цибона 83:65, Тајфун – Крка 74:51 и Партизан – МЗТ Скопје Аеродром 72:69.

Табела: Цедевита 3-0 (победи-порази), Црвена Звезда 3-0, Тајфун 2-1, Игокеа 2-1, Будуќност 2-1, МЗТ Скопје Аеродром 1-2, Олимпија 1-2, Мега Лекс 1-2, Задар 1-2, Сутјеска 1-2, Партизан 1-2, Цибона 1-2, Крка 1-2, Металац 1-2,.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он