Со одигрувањето на натпреварите синоќа беше комплетирано 4.коло од женската ракометна Лига на шампионите.
На прагот на изненадување беше екипата на Букурешт, која водеше на гостувањето во Подгорица. Но, сепак европскиот првак Будуќност успеа да го изедначи резултатот.
На осумте натпревари само ЖРК Вардар победи на гости.
Седум екипи имаат обезбедено пласман во следната фаза. Од секоја група се пласираат трите најдобри екипи.
Резултати и табели:
А група: Ларвик – Крим 32:28, Ростов Дон – Баја Маре 27:26.
Табела: Ростов Дон 8 бодови, Ларвик 6, Баја Маре 2, Крим 0.
Б група: ФТЦ – Турингер 32:28, Флери – Подравка 19:17.
Табела: ФТЦ 7, Флери 5, Турнигер 3, Подравка 1.
Ц група: Митјиланд – ЖРК Вардар 15:25 и Ѓер – Хипо 37:16.
Табела: Ѓер 6, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 4, Хипо 0.
Д група: Савехоф – Лублин 27:24, Будуќност – Букурешт 23:23.
Табела: Будуќност 7, Букурешт 5, Савехоф 4, Лублин 0.