Со одигрувањето на натпреварите во Ц и Д групите комплетирано е 4.коло на Светското ракометно првенство за жени, што се одржува во Данска.
Бразил, Франција Германија се трите селекции кои од Ц групата обезбедија пласман во нокаут фазата на Маунијатот, откако синоќа Бразил ја победи Аргентина со 23-19, Франција беше подобра од Конго со 29-16, а Германија убедливо ја совлада Јужна Кореја со 40-28.
Во Д групата истото го сторија Шпанија со победата над Порторико 39-13, ракометарките на Норвешка кои ја победија Романија со 22-26, но Романките благодарение на очекуваниот пораз на Казахстан од Русија со 42-19 и тие се пласираа во 1/16 финалето.
Денеска на програмата се натпреварите од 5.коло по кои ќе ги дознаеме и последните три селекции кои ќе се пласираат во првата нокаут рунда на шампионатот.
Двојките за последното коло се:
А група: Унгарија – Јапонија, Тунис – Србија и Данска – Црна Гора.
Табела: *Црна Гора 7 бодови, *Данска 6, *Унгарија 6, Србија 3, Јапонија 2 и Тунис 0.
Б група: Кина – Ангола, Холандија – Полска и Куба – Шведска.
Табела: *Холандија 7 бодови, *Шведска 7, *Полска 6, Ангола 2, Кина 2 и Куба 0.
Ц група: Аргентина – Ј. Кореја, Бразил – Франција и Конго – Германија.
Табела: *Франција 7, *Бразил 7, *Германија 4, Јужна Кореја 4, Аргентина 2 и Конго 0.
Д група: Порторико – Казахстан, Романија – Русија и Норвешка – Шпанија.
Табела: *Русија 8, *Шпанија 6, *Норвешка 6, *Романија 4, Казахстан 0 и Порторико 0.