По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во следната фаза – квалификациите за СП 2019 во кошарка. Тоа се селекциите на: Шведска и на Естонија.
Двете репрезентации на дуелите одиграни синоќа постигнаа победи. Шведска ја совлада Ерменија , а Естонија беше подобра од Македонија.
Резултати 5.коло:
А група: Словачка – Босна и Херцеговина 74:92 и Шведска – Ерменија 93:70.
Табела: Шведска 3-2 (победи-порази), БиХ 3-2, Ерменија 3-2, Словачка 1-4.
Б група: Холандија – Австрија 71:78.
Табела: Австрија 3-1, Холандија 2-1, Албанија 0-3.
Ц група: Естонија – Македонија 74:65.
Табела: Естонија 3-0, Македонија 1-3, Косово 1-2.
Д група: Белорусија – Бугарија 70:84.
Табела: Бугарија 4-0, Белорусија 1-2, Португалија 0-3.
Натпреварите од последното коло се играат в сабота (19 август). Македонија ќе биде второпласирана само ако Естонија постигне победа на гостински терен во Приштина против Косово.