Германија и Канада обезбедија денеска место меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското кошаркарско првенство со што се познати сите полуфиналисти на завршниот турнир кој се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Победник во мечот со Словенија беше селекцијата на Канада, која славеше триумф со резултат 100:89, а во петок од 10:45 часот закажа пресметка со Србија за пласман во големото финале.
Претходно оваа среда Германија ја совлада Летонија и ќе игра против Соединетите Американски Држави во битката за финалето (петок, 14.40 часот).
Со овие резултати, познато е веќе дека Србија и Германија како две најдобро пласирани европски репрезентации на Мундобаскетот ќе одат директно на Олимписките игри во Париз следната година.