Познатите се последните два патника во четвртфиналето на Европското одбојкарско првенство, откако Чешка вечерва приреди големо изненадување совладувајќи ја Франција со 3:0, а претходно денеска Словенија беше подобра во соседското дерби против Хрватска со 3:1.
Првите четвртфинални дуели се на програмата утре кога Холандија за противник ја има Србија (17:30 часот), додека кодомаќинот Полска ќе игра против Русија (20:30).
Преостанатите две четвртфинални двојки ги сочинуваат Чешка – Словенија и Италија-Германија.