Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло во групите Ц и Д комплетирана е првата фаза на Европското првенство за ракометарки што се одржува во Хрватска и Унгарија.
Во групата Ц во Вараждин, селекцијата на Шведска со победата над Германија со 39:32, го обезбеди првото место на табелата. Холандија иако загуби од Хрватска 31:27, сепак заедно со Шведска и Германија обезбеди пласман во втората фаза.
Место во осминафиналната рунда од Д групата обезбедија, Франција, Црна Гора и Словачка. Во дуелот за првото место Франција со 24:20 ја победи Црна Гора, а во дуелот за третото место Словачка беше подобра од Србија со 23:21.
Шампионатот продолжува денеска со три средби во Дебрецин, каде ќе се играат натпреварите од групата М1.
Двојки за 1.коло во оваа конкуренција се: Полска – Данска, Шпанија – Норвешка и Унгарија – Романија.
Табела: Норвешка 4 бодови, Шпанија 4, Унгарија 2, Данска 1, Романија 1 и Полска 1.