Компанијата „Jeep“ по пауза од 25 години подготвува нов пик-ап

Од:

Американскиот производител „Јееp“ (Џип) на купувачите ќе им го понуди првиот пик-ап по моделот „Команчи“, што престана да се произведува во 1992 година.

По 25 години, „Џип“ повторно ќе има пик-ап возило во својата палета. Последниот сериски модел од овој тип беше „Команчи“, што беше темелен врз моделот „Чироки“.

Вомеѓувеме, претставени се неколку концептни верзии од кои последниот е „Кру чиф 75“ од 2016 година.

Новиот пик-ап треба да биде темелен врз следната генерација на моделот „Вранглер“, што го потврдуваат и „шпионските“ фотографии на маскираниот прототип.

Уште во 2005 година „џип“ го претстави прототипот „Гладијатор“ што беше темелен врз основа на тогашниот „Вранглер“, но шефовите на компанијата на почетокот на 2016 година дадоа зелено светло за сериско производство на пик-ап моделот.

Маскираниот прототип има таканаречена „двојна кабина“ со четири врати и два реда седишта, додека предниот дел на возилото практично е прекопиран „Вранглер“. Сепак, со оглед на тоа дека следната генерација „Вранглер“ се очекува дури во 2017 година, прерано е да се зборува за конечниот дизајн на возилото.

Пик-ап-от засега има фабричка ознака ЈТ, а во салоните за продажба треба да стигне во 2018 година. Ќе се произведуваат во еден погон во Толедо, заедно со новиот „Вранглер“. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ