Компани: Ливерпул ќе ги освои сите дуели до крајот

Од:

Капитенот на Манчестер Сити, Вансан Компани, направи смело предвидување за остатокот од сезоната. Тој е на мислење дека единствениот конкурент на „граѓаните“ за титулата, Ливерпул ќе ги освои осумте преостанати дуели до крајот на кампањата.

Но дури и тоа навистина да се случи, Ливерпул треба да чекаат шампионите да направат погрешен чекор, за да ги сменат од врвот и да триумфираат со првата титула во Англија по 29 години. Затоа белгискиот репрезентативец ги повика неговите соиграчи да останат фокусирани.

– На врвот сме во средината на март и тоа е одлично и нешто за што се надевавме дека може да се случи. Но не си правиме илузии и знаеме дека Ливерпул ќе победи на сите натпревари до крајот на сезоната. Свесни сме колку е тешка нашата задача од овој момент натаму. Ни претстојат само тешки натпревари, секој ривал ќе биде многу тежок, но ние сме спокојни и не сме изгубиле верба во своите квалитети. Знаеме што ни претстои и подготвени сме, изјави Компанија.

„Граѓаните“ се на врвот на табелата во Премиер лигата со бод предност пред „црвените“, а до крајот треба да се одиграат уште 8 кола.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Ливерпул нема дилема: Нотингем Форест е еден од претендентите за титулата

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски