Компани ја заврши кариерата

Од:

Белгискиот фудбалер Винсент Компани ја заврши својата играчка кариера.

Поранешниот играч на Хамбург и Манчестер Сити ја заврши кариерата на 34-годишна возраст. Тој сега ќе работи како главен тренер на Андерлехт.

По 11 години во Манчестер Сити, каде беше капитен осум години, во 2019 година се пресели во Андерлехт.

Тој страдаше од повреди една и пол година, па реши да ја заврши кариерата и целосно да се посвети на тренерството.

Во својата кариера, тој освои две белгиски титули со Андерлехт, четири Премиер лиги и два ФА и Лига купови со Сити.

Тој забележа 85 настапи за Белгија и стигна до третото место на Светскиот куп во Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Мартинез за Франција: Многу напреднаа за три години, имаат по тројца супер играчи за секоја позиција во тимот

Ана Ололовска

Белгија: Прекин на сите аматерски фудбалски натпреварувања поради пандемијата

Жарко Настоски

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Утка“ на годината во Белгија – „ѕвездата“ се вика Астер Вранкс

Жарко Настоски