На стадионот на колумискиот тим Атлетико Насионал каде што синоќа требаше да се одигра првиот дуел од финалето на „Судамерикана“ против Чапекоенсе од Бразил, се собраа околу 45.000 навивачи да одадат почит на трагично загинатите фудбалери од бразилската екипа.
Церемонијата ја почна колумбиската војска, а потоа беа пуштени 71 голуб за сите настрадани во авионската несерќа.
Пред исполнетиот стадион се собраа уште неколку десетици илјади луѓе и скоро сите носеа бели маици и бели цвеќиња.
На теренот продефилираа фудбалерите на Чапекоенсе кои не се качија на авионот кој пред два дена го имаше кобниот лет.
Во трагедијата во близина на Меделин од вкупно 77 патници и членови на екипажот шест лица ја преживеаја несреќата од кои тројца фудбалери, двајца членови на екипажот и еден спортски новинар.