Репрезентацијата на Колумбија е вториот полуфиналист на Копа Америка откако на пенали со 4:2 беше подобра од селекцијата на Перу.
Во регуларниот дел и по две продолженија мечот заврши 0:0, поуспешни во пенал серијата беа колумбијците откако Давид Оспина му го одбрани пеналот на Трауко, а Куево шутираше над голот.
Прв полуфиналист е селекцијата на САД, а за преостанатите две места ќе се борат Аргентина против Венецуела, односно Мексико против Чиле.