Кокошков нема да ја предводи Словенија во квалификациите за Светското првенство во Кина

Од:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија Игор Кокошков нема да ја предводи селекцијата на европскиот првак во квалификациите за Светското првенство во Кина.

– Невозможно е да бидам на клупата на Словенија. Новиот календар на ФИБА има влијание на играчите, но и на тренерите. НБА играчите сигурно нема да играат во квалификациите, во ноември 2017 и февруари 2018 година. Голем проблем за Словенија ќе биде и ако не се најде решение за спорот меѓу ФИБА и Евролигата. Тоа ќе биде поголем проблем од тоа дали јас ќе бидам селектор, изјави Кокошков.

Српскиот тренер, кој ја предводеше Словенија до златниот медал на штотуку завршениот Евробаскет, има улога и на асистент во НБА тимот Јута Џез и од таа причина не е во можност да биде на клупата на Словенија. Сезоната во НБА лигата ќе се „поклопи“ со дел од квалификациите за СП во Кина.

Според словенечките медиуми, најверојатно некој од неговите помошници: Јака Лакович, Александер Секулич и Радо Трифунович ќе го менува за квалификациските дуели на Словенија за „Мундобаскетот“ против Шпанија, Црна Гора и Беорусија.

Би можело да ве интересира

Шпанија со проверени кошаркари гостува во Скопје

Ана Ололовска

Мундобаскет 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември

Ана Ололовска

Гасол: Ова може е моето последно Светско првенство

Ана Ололовска

ВИДЕО: Избрана идеалната петорка на Светското во Кина

Ана Ололовска

Рики Рубио е избран за МВП на Светското во кошарка

Ана Ололовска

Шпанија и одржа лекција на Аргентина за својата втора светска титула

Ана Ололовска