Коби нема ништо против ако Хауард замине

Од:

Иако генералниот менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Мич Купчак најави дека клубот нема да го трејдува центарот Двајт Хауард до крајот на рокот за замена во НБА лигата, првата ѕвезда на тимот, Коби Брајант нема ништо против тоа Хауард да си замине од „Лејкерси“.

Хауард пред почетокот на оваа сезона пристигна во Лејкерс од екипата на Орландо, но со прикажаните игри ги разочара сите, а тимот игра очајно и моментално не се наоѓаат меѓу местата кои водат во Плеј оф иако до крајот на регуларниот дел од сезоната останаа уште 29 натпревари.

Коби не е задоволен од учинокот и однесувањето на „Супермен“, па американските медиуми објавија дека Коби нема ништо против доколку Двајт го напушти тимот.

Според други извори, Хауард на крајот на сезоната би можел да го продолжи договорот со Лејкерс, но тој сеуште не одлучил дали ќе го направи тоа.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on