Коби бил трејдуван во Детроит 2007 година

Од:

Коби Брајант денеска откри дека на инсистирање на Бас, тој во 2007 година бил пред трансфер во Детроит Пистонс, но самиот го стопирал тој трејд.

Во неговиот договор имало клаузула според кој можел да одбие такво нешто и ја искористил за да остане во клубот каде ја помина цела НБА кариера.

Тоа многу ме погоди и извесен период не сакав да зборувам со доктор Бас. Немаше да биде поинаку и да се работеше за клубови како Чикаго Булс, Далас Маверикс, Њујорк Никс или некој друг, откри Коби.

Оваа информација беше пласирана и во 2007 година, но од Детроит Пистонс категорично ја демантираа. Дури, имаше извори кои тврдеа дека за Коби, тимот од Мичиген во Лејкерс ќе ги испрати своите најголеми ѕвезди: Тајшон Принс, Ричард Хемилтон и Амир Џонсон плус избор во првата рунда на драфтот таа година.

Сепак, Брајант одлучи да остане во Стејплс центарот и во следните три сезони освои уште две шампионски титули со што му покажа на Џери Бас дека не бил во право кога сакал да го трејдува.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on