Кливленд повторно сам на врвот

Од:

Шампионот Кливленд убедливо го победи Бостон на негов терен во дербито на Источната конференција од НБА лигата. По овој триумф „Кавалирс“ повторно се сами на лидерската позиција на Истокот.

Важна победа во борбата за пласман во плеј-офот извојува Мајами против Шарлот, а сигурен беше и водечкиот на Западот, тимот на Голден Стејт.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Шарлот – Мајами 99:112,
Детроит – Торонто 102:105,
Бостон – Кливленд 91:114,
Хјустон – Денвер 110:104,
Мемфис – Оклахома 100:103,
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 95:102,
Феникс – Голден Стејт 111:120 и
ЛА Клиперс – Далас 112:101.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 65-14 (победи-порази), Сан Антонио 60-18, Хјустон 53-25, Јута 48-30, ЛА Клиперс 48-31, Оклахома Сити 45-33, Мемфис 42-37, Портланд 38-40

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-27 (победи-порази), Бостон 50-28, Торонто 48-31, Вашингтон 47-31, Милвоки 40-38, Атланта 39-38, Чикаго 38-40, Мајами 38-40, Индијана 38-40

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот