КК Вардар даруваше крв

Од:

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина вчера вечер во салата на клубот КК Вардар организираше крводарителна акција. Во акцијата учествуваа сите структури на клубот (стручниот штаб, играчите, симпатизерите). Целта на „вардарци“ беше да се разбуди хуманоста во спортот и да се поттикне свеста кај спортистите активно да учествуваат во хуманитарни акции.

„Им се заблагодарувам на сите кои земаа учество во акцијата за доброволно дарување крв. Верувам дека акцијата помина успешно и дека помогнавме во промоцијата на крводарителството во спортот“ – истакна првиот тренер на „црвено-црните“ Бране Андриевски.

На оваа акција крв даруваа 38 крводарители, а 14 од нив беа кошаркари на КК Вардар.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он