Девет златни, девет сребрени и 14 бронзени медали освоија младите каратисти од карате клубот Урбан Инвест од Кавадарци, на Меѓународниот натпревар „Фунакоши Опен 2017“ кој во саботата се одржа во спортската сала „Круме Кепески“ во Скопје.
– Бевме прогласени за најуспешен клуб на натпреварот во кати и во генералниот пласман кати и борби. Успехот е дополнително поголем поради тоа што е освоен во конкуренција на 556 натпреварувачи од 40 клубови, изјавија од КК Урбан Инвест.
Покрај добивањето на пехарот за најуспешен клуб, за најдобар натпреварувач во кати е прогласен Петар Аврамов од овој кавадаречки карате клуб.