КК Работнички го поздрави прекинот на бојкотот на тренинзите на Македонската кошаркарска репрезентација

Од:

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички денеска преку соопштение ја искажаа својата поддршка до Здружението на кошаркарски играчи.

„Кошаркарскиот клуб Работнички го поздравува решението на Здружението на кошаркарски играчи да го стават штрајкот во мирување и да го прекинат бојкотот на тренинзите на Македонската кошаркарска репрезентација, и со тоа директно да не нанесуваат штета на интересите на македонската кошарка.

Како клуб со најдолга традиција, кој најмногу придонел за подемот на македонската кошарка, не сакаме да учествуваме во нејзиното уништување. Како кошаракарски работници сметаме дека имаме должност да им  помогнеме на македонските кошаркари и клубови, со цел создавање на нови генерации на успешни македонски кошаркари кои со гордост ќе го носат националниот дрес.

Никој нема право да ја користи Македонската кошаркарска репрезентација како средство за подкусурување и меѓусебни пресметки.

Кошаркарскиот клуб Работнички останува на првичниот став против правилото за 6 странциа во клубовите на Првата кошаркарска лига мажи“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он