Каратистите на Макпетрол денеска заминуваат на 27. по ред турнир ,„Гранд При Кроација“ кој ќе се одржи во Самобор, Хрватска претстојниот викенд.
Овој турнир е најсилен европски турнир за младите категории на каратисти и затоа претставува генерална контрола, скоро за сите европски држави пред европското првенство за кадети,јуниори и постари јуниори (У21), кое треба да се одржи во Сочи, Русија во првата недела на февруари.
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски гледа добра шанса за проверка на формата на натпреварувачите.
– Ова ќе биде прв турнир во 2018 година на кој ние ќе учествуваме. Во Маврово имавме еднонеделни зимски подготовки од првиот дел на подготвувањето кои успешно ги завршивме, сега за сите учесници ова е последна турнирска контрола, затоа примарно е да ја провериме нивната формата, изјави Заборски.
За Самобор ќе заминат:
1. Петар Заборски постар јуниор (У21) -75 кг.
2 Моника Пендаровска постара јуниорка (У21) -55 кг
3, Анѓела Мојсовска постара јуниорка (У21) -68 кг
4. Абдурахим Идриз јуниор -55 кг
5. Давуд Рамадановски јуниор -61 кг
6. Кристијан Бошковски јуниор -61 кг
7. Ева Блажевска јуниорка +59 кг.
На турнирот се пријавени 1.254 спортисти во дисциплината борби (кумите), и 457 спортисти во дисциплината кати од вкупно 23 држави.