КК Макепртол: Направена е груба дискриминација кон Симона Заборска

Од:

Клубот Макпетрол смета дека Карате федерацијата на Македонија направила груба дискриминација спрема Симона Заборска која заедно со Берат Јакупи се најдобро пласирани македонски каратисти на Светската ранг листа.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме реакцијата на КК Макпетрол:

– Светската карате федерација (ВКФ) по Карате 1 Серија А лигата во Истанбул, Турција, излезе со официјална нова Ранг листа на која најдобро пласирани Македонски каратисти се Берат Јакупи 18-ти во категоријата до 84 килограми кај мажите и Симона Заборска (-55 кг) е 26-та кај жените.

Поради овој факт, Раководството на Карате клубот Макпетрол, незадоволно е од постапките на првите луѓе во КФМ, и бара јавно да им се одговори зашто каратистите од овој Македонски најтрофеен и најреномиран клуб постојано се соочуваат со дискриминација и нееднаквост, посебно нагласена при донесувањата на одлуки и решенија за предложување, наградување, подржување и учества на натпревари.

Неосновано и недопуштено е постапувањето на КФМ надвор од законската регулатива, со донесување на правилници и одлуки спротивно од насоките кои ги дава Светската карате федерација (WKF).

Постапувајќи на ваков начин КФМ во континуитет стреми кон не вреднување на трудот и постигнувањата на одредени спортисти од Макпетрол.

Доказ за тоа има многу, меѓу кои е и последниот предлог список на кандидати, изготвен од страна на КФМ и доставен до МОК ( Македонски Олимписки комитет), заради добивање на стипендија која ја доделува ИОК (Интернационалниот Олимписки Комитет), за врвни спортисти, потенцијални кандидати за учество на олимпијада.

На списокот не се наоѓа името на Симона Заборска, која е најдобро рангирана Македонска спортистка на Светската ранг листа, А на истиот се наоѓаат имиња на каратисти-ки кои и во време на изготвување на предлогот како и денес се пониско рангирани од Симона. Ова е уште еден доказ дека КФМ се определиле предвремено за спортисти кои ќе ги подржува во нивните настапи, без разлика на долгогодишните стандардни настапи за репрезентацијата на Македонија, и освоени и постигнати резултати од страна на спортистите.

Со оглед на тоа дека стипендијата ќе се доделува на предложените спортисти се до 2020 год. и истата е еден вид финансиска помош и сатисфакција на спортистите кои имаат квалитет, резултати и потенцијал да станат учесници на Олимпијада, со самото тоа што нашата натпреварувачка не е предложена од страна на КФМ, таа нема да биде во можност рамноправно да се подготвува и да учествува на сите турнири кои се предвидени со планот и програмата на Светската карате федерација за остварување на нормата и учество на олимпијадата во Токио.

Обидите за решавање на проблемите настанати на реалација КФМ и КК Макпетрол во повеќегодишната пракса резултираа секогаш со неуспех.

Незадоволни од постапките на институација која треба да ги штити правата и интересите на своите членовите подеднакво, да цели кон развој на карате спортот, да ствара систем и услови за остварување на врвни резултати, се одлучивме да ја запознаеме пошироката јавност за проблемот и јавно бараме надлежните во КФМ да ја корегираат предложената листа со тоа што на истата ќе се најде името на Симона Заборска како највисоко рангирана Македонска каратистка.

Целта на ова обраќање е една единствена, а тоа е заштита на интересите на врвен спортист-ка, се вели во реакцијата на Карате клубот Макпетрол.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје