КК Кожуф на турнир во Солун

Од:

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија учествуваше на традиционалниот кошаркарски турнир во Солун што го организираше Грчката судиска организација, на кој учествуваа уште неколку екипи од Грција меѓу кои и афирмираните ПАОК, Ираклис и Кавала.

Во првиот настап гевгеличани минимално со четири поени разлика го совладаа домакинот на турнирот Ираклис, а во вториот настап извојуваа голема победа над Кавала со 25 поени разлика. По настапот на турнирот, гевгелиски Кожуф на 25 септември уште еднаш ќе гостува во Солун каде ќе одигра пријателски напревар со ПАОК.

– Учеството на турнирот во Солун е добредојдено пред стартот на домашното првенство и БИБЛ лигата. Постигнавме две победи од кои посебно значајна е онаа против Кавала, екипа со која игравме во БИБЛ лигата. Нов предизвик за нас е претстојниот меч со ПАОК кој беше учесник на Меѓународниот кошаркарски турнир што се одржа кон крајот на август во Гевгелија, изјави претседателот на Кожуф, Томица Главчев.

Гевгелискиот прволигаш во домашното првенство ќе стартува на 12 октомври пртив Фени Индустри на домашен терен, а три дена подоцна во рамки на БИБЛ лигата ќе ја пречека екипата на Пеќ.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос