Ќириќ: Во ФФМ сум поради фудбалот, а не заради позицијата

Од:

Поранешниот македонски репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во историјата на нашиот фудбал Саша Ќириќ се осврна на пишувањата на медиумите околу неговата функција и неговиот професионален ангажман во Фудбалската федерација на Македонија.

– Мене ми е јасно дека потребата од сензација продава се, сакале да признаеме или не, живееме во такво општество, но најпрвин да разјасниме две работи. Прво, во Фудбалската федерација на Македонија сум дојден поради фудбалот, а не заради позицијата и второ, немам никакви проблеми и несогласувања со раководството на федерацијата. Се што правиме, правиме заеднички и во интерес на фудбалот, изјави Ќириќ за веб страницата на ФФМ.

Тој објаснува дека неговата вклученост во работата на Академијата на ФФМ е со заеднички договор.

– Без да навлегувам во потребата на одредени луѓе кои „одеднаш“ се загрижија за мојот статус, јас и во иднина останувам во служба на фудбалот и 100 % ќе бидам посветен на работата во рамки на федерацијата. Како и досега, доколку има потреба јас и понатаму ќе се трудам да бидам од помош и на А селекцијата и на сите младински репрезентации доколку е потребно. Како фудбалер со богато интернационално искуство ќе настојувам истото да го пренесувам и на младите фудбалери и на сите вклучени во работата со Академијата и националните селекции, вели Ќириќ.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски