Американките Медисон Киз и Слоан Стивенс ќе се борат за трофејот на Отвореното тениско првенство на САД, откако во полуфиналните мечеви славеа победи над своите сонароднички.
Рано утрово Киз по само еден час и осум минути игра ја совлада Коко Вандевеј со 2-0 и во двата сета убедливо со 6:1 и 6:2.
Многу понеизвесно беше во првото полуфинале кое се одигра ноќеска. Стивенс беше поуспешна од Венус Вилијамс во три сета (2-1). Таа го доби првиот сет со 6:1, Вилијамс возврати во вториот сет без ниту еден изгубен гем (6:0), а во решавачкиот трет сет беше 7:5.
Женското финале на US Open е закажано за утревечер со почеток во 22 часот.