Целосен шок го потресе тенискиот свет, кога беше откриено дека Јаник Синер двапати бил позитивен на допинг тест. Тоа се случи во Индијан Велс и тој двапати избегна суспензија и сега е ослободен од обвиненијата. Сега Ник Киргиос проговори за целата ситуација.
Имено, Јаник Синер бил позитивен на клостебол за време на турнирот во Индијан Велс, што се испоставило дека е употребата на еден од членовите на неговиот стручен штаб кој му ги триел рацете, а потоа го масирал тенисерот.
Така клостебол влегол во крвотокот на Синер, а сега се огласи и Ник Кирјиос кој го осуди тенисерот, велејќи дека требало да биде казнет многу повеќе од одземање на поени од Мастерсот и сумата на пари што ја заработил таму.
– Бесмислено. Без разлика дали е случајно или намерно. Ако двапати сте позитивни на забранета супстанција (стероид), мора да бидете суспендирани на две години. Вашите перформанси се подобрија. Крем за масажа, да, убаво… – рекол Киргиос.
Синер беше ослободен од сите обвиненија, бидејќи беше прогласен за невин.