Кинезите фрлија око на „Лотус“

Од:

 Откако под своја капа ги стави „Волво“ и британската компанија „Лондон Такси“, кинеската компанија „Гили“(Geely) е заинтересиранa и за купување на производителот на спортски автомобили „Лотус“.

„Гили“, која во средината на октомври го претстави новиот автомобилски бренд, „Lynk and Co“, со чија помош планира да ги нападне европскиот и американскиот пазар, може да стане нов сопственик на „Лотус“, дознава „Road &Track“.

„Лотус“ во моментов е сопственост на малезиската деловна групација „DRB Hicom“, а во изминатите неколку години мина низ турбулентен период и се обидува да се извлече од кризата. Се верува дека новиот сопственик успеа финансиски да ја стабилизира компанијата и да реализира некои од планираните нови модели, меѓу кои се новата генерација на моделите „Евора“ и „Ексиџ“.

Ниту „DRB Hicom“, а ниту „Гили“ не се огласија официјално за ваквите тврдења. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ