Кинезис најуспешен на „Миоки Опен“

Од:

Тимот на Кинезис од Србија беше најуспешен во сениорска конкуренција на турнирот во џудо „Миоки Опен“ одржан викендот во Скопје.

Во женска конкуренција победник е домаќинот ЏК Миоки.

Кај кадетите пехарот го доби ЏК Миоки, а за најуспешни кадетки се прогласени натпреварувачките од ЏК Анкара од Турција.

Во пионерска конкуренција победи ЏК Макикоми од Србија додека пак кај пионерките ЏК Дробета од Романија.

За најуспешен клуб во конкуренција помлади пионери пехар доби ЏК Рандори од Босна додека пак за пионерки ЏК Сакура од Грција.

Пехарот за најуспешна странска екипа припадна на ЏК Кинезис додека пак пехарот за најуспешна домашна екипа и пехарот за севкупен победник го доби ЏК Миоки со освоени 12 златни 7 сребрени и 9 бронзени медали.

На турнирот учествуваа 478 џудисти (46 клубови) од 13 земји.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

A1on

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска