Кинескиот кошаркар, Џереми Лин се договори со екипата на Хјустон Рокетс, кои му понудија тригодишен договор вреден 25 милиони долари.
Никси имаат три дена да ја изедначат понудата за одличниот кошаркар.
Во минатата сезона Лин одигра 35 меча за Никси со просек од 14,6 поени, 6,2 асистенции и 3,1 скока на натпревар.
Истовремено Хјустон се ослободија од Аргентинецот Луис Скола, кој лани имаше учинок од 15 поени и 6,5 скока на натпревар. Рокетси ја искористија клаузулата за амнестија од колективниот договор и го отпуштија Скола. Тој во наредните три сезони требаше да добие 21 милион долари.