За напаѓачот на Реал, Карим Бензема од Кина стигнала понуда во висина од 50 милиони евра.
Според „Дон Балон“ кинескиот купувач е подготвен да ја плати таа сума за Французинот кој во последно време не игра во најдобра форма.
Како што се наведува во текстот, Реал Мадрид ќе ја разгледа можноста за таков договор, но самиот играч одбива да се пресели во Кина.
Оваа сезона Бензема постигна четири гола на шпанскиот шампионат во осум натпревари.