Кина најдобар пазар за гамата на „БМВ“ во 2013 година

Од:

Германската компанија БМВ очекува во 2013 година Кина првпат да го надмине пазарот во САД според продажбата на нејзините автомобили и на тој начин да избие на првото место во светот.

И покрај тоа што некои тврдат дека БМВ последните години го загрози својот имиџ на премиум производител со најавата на атипични автомобили, како што се електричниот модел, „i3“, или „МПВ“ возилата со преден погон, од „Серија 1 ГТ“, сепак, на Баварците никогаш не им одело подобро.

Продажбата на автомобили расте, а брендот се повеќе се шири на најголемиот брзорастечки пазар – Кина.

Според податоците на „Блумберг“, испораката на автомобили од гамата на БМВ во оваа земја во првата половина на 2013 година го надмина бројот на новопродадени автомобили на оваа марка во САД и се очекува да го заддржи овој тренд до крајот на годината, со проектиран раст на продажбата од 10 отсто во однос на 2012 година.

Сепак, БМВ се уште не е најпродаван премиум производител во најбројната земја на светот.

Првото место меѓу премиум марките на автомобили се уште го држи „Ауди“ со 29,6 отсто учество на пазарот на луксузни возила. БМВ е втор со 23,6 отсто, а „Мерцедес“ трет со 20,6 проценти. Во БМВ не се загрижени заради тоа и веруваат дека силната конкуренција само може да ги поттикне да остварат подобри резултати.

– Сметаме дека во Кина има уште многу простор за напредок, кога е во прашање продажбата на наши автомобили, наведуваат од БМВ.

Во оваа компанија го истакнуваат податокот дека во Кина постојат околу 100 градови со популација поголема од милион жители, во кои се не уште постои ниту еден продавач на премиум автомобили.

БМВ нема само да се фокусира на класичните модели по кои досега беше познат. Во план е и пласман на еколошки прифатливи автомобили, како моделот „i3“ и „i8“, но и основање посебен бренд што ќе произведува „зелени“ возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска